Дара Бубамара во најновото интервју откри дека работи со полна пареа, па изјави дека нејзините фанови, но и естрадата може да очекуваат многу изненадувања кога таа е во прашање.
„Сега сум во некоја луда енергија. Албумот ќе биде на пролет. Јас работам онака како се чувствувам, ако почувствувам дека треба да снимам, тогаш снимам“ вели Бубамара за „Ексклузивно“.
Неодамна се појави вест дека Дара ја пишува својата прва биографија. Пејачката откри дека во книгата ќе се најдат и луѓето кои и нанеле зло.
„Ќе ми биде тешко да го пишувам тоа. Кога ќе ми се случи нешто лошо јас брзо заборавам и одам понатаму, а ќе ми биде тешко да се потсетам на некои работи и на луѓето кои ми нанесоа зло. Треба да се пронајдат сите кои беа лоши со мене, дури ќе ги именувам со мала промена на името. Јас имам најголема храброст на естрадата“ вели Дара.
За потсетување, Дара беше долгогодишна пријателка на Сека Алексиќ, но нивното пријателство заврши претходната година кога Алексиќ закажа концерт неколку дена пред концертот на Дара.