Радио Милева

На меракот му нема крај: Димитар Андоновски се почести со нова бесна машина (фото)

На меракот му нема крај: Димитар Андоновски се почести со нова бесна машина (фото)

За пејачот Димитар Андоновски, семејството е број еден, но тука е и големата љубов кон музиката која ја има уште од мали нозе.

Речиси секој од нас има страст или пасија кон одредени нешта, а за Диме првото место го има музиката ама и автомобилите.

Кога создава или има нешто ново на музички план, тоа мора да се сподели со јавноста, но ништо помалку возбудлив не е ниту моментот кога голем вљубеник на автомобили, ќе се почести со нова машина.

фото:инстаграм/димитар андоновски

Диме неодамна на своите фанови им ја промовираше новата песна и спот со „Тајфата, „Не си моја“, се пофали дека неговото синче е „плукнат на тато“ не само физички, туку и во желбата за пеење, а сега Диме се пофали и со новиот автомобил.

Тој на Инстаграм објави фотографија од белиот убавец на четири тркала, кој уште додека беше во салон го фотографираше и однадвор и одвнатре.

На радоста и меракот им нема крај! Сега ќе има возење, секако првин низ Битола со наследникот!

To top