Што ти е менталитет… По дефиниција е збир на душевни особини и склоности на еден човек или на определена човечка заедница. И секоја нација има свој менталитет. Овој нашиов, на нациите на Балканот е до душа, многу сличен… Македонскиот менталитет сепак има свои специфики. Не дека соседиве и тие отаде нив се којзнае колку поинакви, ама сепак… Нашиот менталитет си има свој „трејд марк“!
Кој не верува – брзо ќе се увери, впрочем, ајде да ве потсетиме на некои работи, па кажете дека не е така?!
- Има тетоважи – наркоман
- Има долга коса – секташ или металец
- Има убав автомобил – син на политичар
- Има убава девојка – син на олигарх
- Оди во теретана – мускули без мозок
- Метросексуалец – педерче
- Има државна работа – партиски војник
- Академски образован – купил диплома
- Се жени – сигурно е трудна
- Има свој бизнис – лопов
- Убаво дотерана – спонзоруша
- Боем – пијандура
- Уметник – забеган
- Спортист – глуп за се’ друго
- Чува миленичиња – анима дунда
- Разведена – ку*ва, ороспија
- Ја сака – лигуш, папучар
- Го сака – глупача
- Хармоничен брак – глумат лудило
- Домазет – слика без глас
- Повеќедетно семејство – којзнае чии се
- Нема деца – издрн’дана
- Од внатрешноста во Скопје – сељак/сељанка без скрупули
- Невработен – неспособен
- Повратник од странство – и од таму го избркале
- Ја унапредиле – изгледа добро „пуши“
- Го унапредиле – цинкарош
И така низата се реди, па оди… до бескрај! Проблемот е само што кругот е малечок, а во него…? Во него сме сите!