Современиот балетски перформанс „Метаморфоза“, чија премиера и реприза одлично поминаа во 2018 година во Скопје, повторно ќе биде изведен на 26.10.2019, сабота, со почеток во 20:00 часот на големата сцена во Народен театар, Битола. Kонцептот и кореографијата е на Ивана Коцевска, музиката е на Филип Глас, Иван Пенов, пијано изведба(снимка), Дино Имери. Костимографија е на Милена Атанасова.
Tанчери: Илијана Данаилов, Христина Наќевска, Мила Ниновска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Симона Митовска, Виолета Карајанова, Мартина Димовска, Исидора Краљевска, Мирослав Митрашиновиќ, Валентино Апостоловски, Ендру Кук, Ивана Коцевска.
Продукција: Дирекција за култура и уметност на Скопје.