Идната снаа на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, иако е во блажена состојба, не се штеди во првите месеци од бременоста.
Таа сè уште е вработена во фирмата на нејзините родители која се занимава со одгледување и продава свежи кокошки.
Богдана е многу трудоубива и станува рано наутро и сама завршува еден куп задолженија, а тимот на емисијата „Папарацо лов“, ја „фати“ додека рано наутро прва излегува од семејниот дом на Дедиње.
Да потсетиме, Вељко и Богдана закажаа свадба на 24-тиноември во еден хотел во Белград, а како што веќе пишувавме, младиот Ражнатовиќ планира на свадбата да ја носи воената униформа на покојниот татко Жељко Ражнатовиќ – Аркан, додека невестата треба да ја носи венчаницата на Цеца.