Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша често се караат во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, па публиката може да види како си упатуваат тешки навреди.
Тие двете често не се согласуваат околу кандидатите и музичките способности, а често се навредуваат и си упатуваат многу грди зборови.
Тие знаат во шоуто да направат вистински хаос и да си кажат се и сешто, па Поповиќ едвај некогаш може да ги смири.
Меѓутоа, жирито досега неколку пати истакна дека се тоа е шоубизнис, а дека всушност зад камери се сакаат.
Ѓорѓе Давид кој оваа година е дел од музичкото шоу истакна каков е нивниот однос меѓу нив.
„Ма луѓе, тие се сакаат“ вели Ѓорѓе Давид.
За потсетување, во секоја емисија има член на жири кој е гост ментор, а наскоро ќе се појави и Дапчевиќ.