Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ вчера (24.10.2019) официјално се разведоа и ставија крај на нивниот брак.
Прв во судот во Белград се појавил Лука, додека Наташа пристигнала малку подоцна, па трчајќи влегла во зградата.
По излегувањето од судот, на прашањето како се чувстува, Беквалац одговорила:
„Разведена, многу среќна“ одговорила Наташа.
За потсетување, Наташа барање за развод поднесе во април претходната година откако Лука физички ја нападна, а од бракот ја имат ќерката Катja.
Наташа неодамна ја издаде својата нова песна „Мушко више не волим“ која е во дует со Емина Јаховиќ.