Српската пејачка и водителка Ана Севиќ раскина со Даниел Недељковиќ затоа што тој не сакал брак, барем не наскоро.
Извор близок на пејачката вели дека Ана очекувала бизнисменот да ја побара на нејзиниот роденден, но бидејќи тој не го сторил тоа, тие се разделиле.
Популарната пејачка и нејзиното момче решија да ја прекинат двегодишната врска затоа што немаат исти погледи за иднината. Според извор на српски „Курир“, Севиќ била иницијатор за крај.
– Ана сакаше таа и Даниел да одат еден чекор подалеку, што е логично кога сте заедно скоро две години. Тие порано не разговарале за тоа, но во последно време таа му сугерира дека би сакала. Ана посака веридба за нејзиниот 34 роденден, и го очекуваше тоа, а кога сфати дека тој не сака, се разочара. Сфати дека немаат исти погледи за иднината и дека секој треба да оди по својот пат, иако за неа беше многу тешко – вели извор близок до пејачката.
– Не се исклучува помирувањето затоа што тоа беше голема љубов и тие сè уште се сакаат. Ако сфати тој дека сака да го помине животот со Ана и да го продолжи семејството, сосема е можно да се помират. Сите сме за тоа, но Ана не се откажува од желбите – завршува изворот.