Медиумите во регионот кои ја следат естрадата, вчера, 31 јануари 2018 објавија нова серија фотографии на српската фолк дива Јелена Карлеуша. Тема на коментари беше нејзиниот имиџ, нејзиното облекување, како и нејзиниот сексапил со кој пејачката зрачи променета во белата руба!
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/02/jelena-karleusa-4-830x0.jpg)
Имено Карлеуша на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ дојде целата облечена во бело… од глава до петици! Бела ролка, бели тесни панталони кои и ги отцртуваат сите облини и атрибути, под нив бела полутанга, на нозете бели чевли со високи потпетици… Карлеуша и се’ е бело! Вчера кај неа, денес кај Елена Велевска.
Македонската фолк дива денес објави иста таква, добро не иста, ама многу слична фотографија… со или без иста намера! Она што е популарно треба да се апсолвира, пренесе, ископира… или во прашање е само „пука случајност“?
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/02/Screenshot_29.png)
А на фотографијата, Елена Велевска исто така во бела ролка, тесни бели фармерки, бели чевли со високи потпетици… се’ е исто…. Речиси! Само пејачката е различна! Она што ја прави разликата се и очилата за сонце и чантата… Токму таква чанта е тешко баш да се најде на две места во исто време! Или речиси исто… време!
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/02/Screenshot_33.png)
Да не заборавиме… Должината на коста е исто така речиси иста, само бојата е различна. Ама затоа и вкусовите за фризура на двете фолкерки повторно „им се поклопуваат“ …
![](https://arhiva.vistina.mk/wp-content/uploads/2018/02/Screenshot_32.png)
Обете се со „пресувана коса“! „Копи – пејст“ или пука случајност?