Пејачката Едита Арадиновиќ, придружувана од нејзиниот адвокат, утрово дошла во полиција за да биде испрашувана во врска со бомба што беше фрлена на 29 септември во просториите на продуцентската куќа „ФМ Плеј“, пренесува српски „Курир“.
Едита пристигна во полицијата во 9:30 часот и не сакаше да дава изјави за печатот, таа само рече „Ве молам, не сега“.
Потсетуваме дека во текот на ноќта беше фрлена рачна бомба кашикара, а за среќа никој не е повреден затоа што сопствениците Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, како и нивните соработници, во тој момент не биле во просториите.
Досегашната истрага покажа дека единствениот судир што го имале сопствениците на оваа куќа е со пејачката Едита Арадиновиќ, па поради тоа е испрашувана.
Имено, Арадиновиќ, наводно, имала договор со продуцентска компанија вреден 150.000 евра кога беше членка на групата „Министерки“, но минатата година решила да го прекрши договорот и да ја напушти групата, што предизвикало проблеми и кавги меѓу поранешните блиски соработници.