Радио Милева

Драган Вучиќ во „Гурмански муабети“ прв го угости Здравко Чолиќ кој откри ретко пoзнати детали од животот (видео)

Драган Вучиќ во „Гурмански муабети“ прв го угости Здравко Чолиќ кој откри ретко пoзнати детали од животот (видео)

Македонскиот водител Драган Вучиќ знае како да си направи емисија и дека ги руши рекордите, па од „Возење со Вучиќ“ каде јавните личности и водителот се возеа во автобус,  сега се префрли на емисија „Гурмански муабети“.

Токму во оваа нова емисија која се емитува на „Телма“, Драган и гостите разговараат за храната, начинот на исхрана, здравиот живот….

За тие потреби, водителот ги спакува куферите и опремата, па замина малку во Македонија, малку во соседство да ги сними емисиите. Од Здравко Чолиќ до Ана Бекута, Нивес Целзиус ќе се најдат во емисијата.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-bujnata-nives-celzius-prvo-i-ispadnaa-gradite-pri-snimanjeto-a-potoa-zavrshi-vo-pregratkite-na-makedonskiot-voditel-foto/

Така, прв гост во „Гурмански муабети“ беше една од најголемите ѕвезди во регионот Здравко Чолиќ. Иако сме навикнати Чолиќ пред камерите секогаш да зборува за својата кариера, своите успеси, концерти, новитети во музичката кариера и некои други работи, но многу поретко зборува за својот приватен живот, за начинот на исхрана, како се храни, дали готви…се работи кои се малку познати на јавноста.

фото: Принтскрин/јутуб

Драган како „водител – мајстор“ успеа да ги извлече и овие информации од балканската ѕвезда, па фановите на Здравко сега ќе имаат плус информации за пејачот.

На почетокот на рaзговорот Здравко проговори за неговите настапи во Македонија, но и за тоа дека во текот на 80тите живеел во Скопје.

„Се сеќаваш, во текот на 80тите живеев подолго време во Скопје. Работев некои концерти и бев сместен во Континетал и во Гранд.  Кога си 30 дена во Скопје, тогаш почнуваш да зборуваш македонски“ вели Чолиќ.

фото: принтскрин/јутуб

Дали Здравко Чолиќ е гурман?

„Јас можам да кажам дека сум хедонист, а за мене гурмани се луѓе кои сакаат се да пробаат во краток период.  Мислам дека сум хедонист кој сака да ужива додека јаде. Бидејќи секогаш се е во брзање, патувања, спорт, па не размислуваш за тоа, кога си гладен јадеш, кога не си гладен не јадеш.  Кога ја запознав цела Југолсавија и кога почнав да патувам, каде доаѓаш како вокален солист, луѓето сакат да те угостат, па тогаш човекот сака да ужива. Особено тоа се однесува на рибата. На турнеите по Јадранот, ја сакам риби и морски специјалитети.  Многу сакав рибни ресторани, особено на Јадранот или во Охрид, охридската пастрмка“ вели пејачот.

фото: принтскрин/јутуб

Тој вели дека со македонската кујна се запознал одамна кога се појавил на еден настан каде имало македонската храна.

„Тука ја видов македонската кујна која претходно немав прилика да ја видам, различна подготовка на јагнешко месо, готвени јадења кои ги нема по рестораните“ вели Чолиќ.

Во емисијата, Чолиќ не влезе во кујната да готви, но влезе Вучиќ за да провери како течат подготовките и готвењето на специјалитетите.

фото: Принтскрин/јутуб

Чолиќ откри како и изгледа неговиот појадок.

„Што се однесува до појадокот, тоа е неодредено. Се зависи дали сум вечерал или не. Често го прескокнувам појадокот, ќе испијам цеден сок или нешто што има во моментот и сакам да пијам едно кафе, може домашно кафе или експресо. Потоа може да биде лесен појадок, овошје.Но, кога сум гладен сакам јајца, сирење, класичен појадок“ вели пејачот.

Чолиќ откри дека сака да има и викендичка во Охрид бидејќи во Охрид има клима која е убава за живот и одмор.

фото: Принтскрин/јутуб

Здравко вели дека му дозволува на неговата сопруга да биде шеф во куќата, а на прашањето како се носат девојките со презимето Чолиќ, пејачот вели:

„Децата не се во тој филм. Прво, мојата музика се слуша. Ги сакаат моите песни, но не се фанови. Музикални се, но не верувам дека ќе се занимаваат музика. Лара е многу талентирана, но не гледам дека ќе се замнимава со музика. Кога станува збор за презимето, во училиште тие не го потенцираат тоа, не се деца кои ќе направат испад. Татко е татко, училиште е училиште“ вели пејачот.

Целата емисија може да ја погледнате во продолжение.

To top