Радио Милева

Билјана Дебарлива прослави 25 години од бракот, a еве како се запознала со својот сопруг (фото)

Билјана Дебарлива прослави 25 години од бракот, a еве како се запознала со својот сопруг (фото)

Македонската водителка Билјана Дебарлива прослави 25 години од бракот со нејзиниот сопруг Јован.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија и се пофали за овој убав и важен датум во нивниот живот.

фото: фејсбук

Билјана во едно интервју за „Женски магазин“ истакна дека со Јован се запознале во Охрид.

„Во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, вели водителката за „Женски магазин“

Таа исто така истакна дека не е голем љубител на готвњето, но дека има јадења кои сака да ги готви за семејството,  а нејзиниот сопруг знае некогаш да готви и тоа со голем мерак и љубов.

Билјана и Јован од бракот го имаат две деца, ќерката Ана и синот Марко со кои како што вели има близок, пријателски однос.

„Слога, разбирање, да нема љубомора. Попуштање кога ќе видиш дека ситуацијата не е како што треба, не додавај оганче бидејќи на тој начин нема да решиш ништо. Секогаш и секаде има кавги, во сите семејства„ вели Дебарлиева за „Бекстејџ“.

Ана комплетно е посветена на економијата, како нејзина професионална определба. Никогаш не покажала интерес или желба за медиумите, дури имаше и мигови кога мојата професија и популарност ги чувствуваше како товар. Донекаде сум и среќа што не ја избра мојата професија. Во денешно време се сменети многу работи, критериумите се изместени, па и новинарството и водителство не се она што биле некогаш. Кај Мики, мислам дека насетувам некоја мала искра или желба за телевизија. Но, сѐ уште е рано, времето ќе покаже дали тој можеби ќе биде мојот наследник“, изјави Дебарлиева во едно интервју за „Женски магазин“.

фото: фејсбук/женски магазин

 

To top