Радио Милева психо?

Слоба Радановиќ најмил обезбедување: Пејачот стравува од Кија за својот живот и животот на својата девојка и нејзиното дете

Слоба Радановиќ најмил обезбедување: Пејачот стравува од Кија за својот живот и животот на својата девојка и нејзиното дете

Драмата на пејачот Слободан Ранановиќ не престанува! Откако неговата поранешна  сопруга Кристина Коцкар наводно физички го нападнала и се обидела да го повреди со нож, пејачот одлучил  да ангажира обезбедување.

Слоба не се плаши толку многу за неговата безбедност, но поради причината што е со жена која има дете, одлучил да ги заштити нив двајца на тој начин што ке изнајми обезбедување кое повремено ќе ги чува. Киа е многу љубоморна и не може да поднесе што Слоба има девојка, а судејќи по нејзиниот однос, никогаш не се знае што би можела да направи.

 

Иако пејачот и неговата поранешна сопруга пробаа да го демантираат сето ова случување, дека помеѓу нив не дошло  до караница, близок извор до истрагата потврди дека дошло до инцидент, поточно дека Кија после караницата и тепачката завршила во болницата “Лаза Лазаревиќ“.

Кија го молеше Слободан да не им кажува на медиумите во детали што се случило, односно да ги демантира вестите, како не би и наштетиле. Бидејќи е добар човек, тој одлучи да негира се’. Меѓутоа, едно е сигурно, двајца повеќе нема да имаат никаков контакт “ – рекол изворот.

 

To top