Нина Јанева после долги години пауза повторно сними видео и тоа за темата „Ова е крај“, која е комплетно авторско чедо ( музика, текст, аранажман и продукција) на композиторот Александар Масевски кој заедно со Наде Талевска и Игор Митровиќ ги пејат и придружните вокали. Видеоспотот, е во режија и комплетна реализација на Александар Ристовски – Принц, а кадрите за истиот се снимени на локациии скопската планина Водно.
„Ова е приказна во која ќе се најдат многу девојки и жени. Добар блуз кој мене лично ми дејствува како мевлем“, вели Нина.
„Спотот го снимавме во ноември, беше малку ладно, на минус еден ме прскаа со вештачки дожд, а јас облечена во фустан со шест слоја. Измразнав, но супер си поминавме на снимањето и ни беше многу забавно. На Водно го дочекавме и роденденот на Принц и работно го одбележавме“ – открива Нина, која последниот спот кој го има снимено е од времето со „4Плеј“ пред околу десетина години.
Пејачката во меѓувреме активно настапува и со својот бенд „2Егзит“, а најновото што го слушаме и гледаме од неа следува во продолжение.