Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе запливаат во брачните води, а гала свадбата ќе биде во еден луксузен хотел.
„Познато е дека Цеца и Вељко ги почитуваат сите обичаи и традиции, па не е ни чудно што ќе ги почитуваат и свдбените обичаи.Имено, пред венчавката и свадбената веселба, Ражнатовиќ ќе одат во Тител по младата. Како налагаат обичаите, пред земање на младата, сватовите ќе треба да ја турнат јаболката пред домот на Родиќ, а потоа да влезат во дворот. Вељко изрази желба да се почитува традицијата, а семејството се согласи со него“ вели извор близок на семејството.
Црковната венчавка ќе биде во храмот „Свети Сава“, а граѓанскиот брак ќе го склопат во хотелот кој го одбраа за свадбата. На свадбата ќе присуствуваат 500 гости.
„Цеца не сакаше да се меша во желбите на Вељко и Богдана, но е тука да им помогне околу се што им треба.
Оркестарот Александар Софронијевиќ ќе биде задложен за добра атмосфера, а за микрофонот ќе се фатат Цеца, како и многу нејзини колеги.
Подготвоките се при крај, а снаата и свекрвата одлично се согласуваат.
„Салата во која ќе се венчаат ќе биде уредена според желбите на Вељко и Богдана. Таа долго време размислуваше каква венчаница ќе носи, а моментално се последните подготовки на детали на фустанот. Бидејќи Богдана е блиска со женскиот дел од семејството, таа се консултираше со Цеца, како и со Анастасија“ вели изворот.
За потсетување, Богдана е бремена, па следната годината таа и Вељко ќе станат родители на нивното прво дете.