Откако најпрвин без гаќички се увери пред огледалото „кој е најубав на светот“, а потоа така и се прошета низ дворот, српската фолк дива Јелена Карлеуша ја поздрави есента со кренати нозе.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/duplo-golo-karleusha-pozirashe-pred-ogledalo-bez-gakjichki-a-potoa-taka-se-prosheta-i-niz-dvor-video/
Имено, белградската „скандал дама“ потоа смени гардероба, па облече розов мини фустан со деколте до папокот, отворен до препони, и така одново се фотографираше во дворот на својата куќа во есенски амбиент, меѓу пожолтените лисја на дрвјата и цвеќињата.
Дека Карлеуша изгледа згодна и ултрасекси, не е спорно. Длабокото деколте и ги открива бујните гради, а розовото мини фустанче дава можност за отворена панорама на меѓуножјето. Особено кога Карлеуша ќе седне, па ќе ги крене и прекрсти долгите нозе.
Одозгора отворено, одоздола разголено… Горе бујно, долу сочно… Или поточно, дупло голо! И горе и долу! Така некако може да се нарече нејзината нова модна комбинација или последна провокација, сеедно! Карлеуша тоа што го има, знае како да го сервира за одново да доминира… Модно – еротска провокација за медиумска доминација!