Според пишувањата на американските медиуми, првата дама на САД, Меланија Трамп, се иселила од Бела куќа.
Наводно таа веќе неколку ноќи престојува во хотел, а тоа ја разгоре приказната дека можеби на бракот до Доланд Трамп му дошол крајот.
Откако се појави шпекулацијата дека Доналд ја изневерува, таа ги спакувала куферите и решила да го напушти.
Според анонимни извори за „Дејли мејл“ тоа се потврдува и со посетата на претседателот во Давос каде е сам.
-Ова е понижувачко за Меланија, не можеше да поднесе и си замина, вели изворот.
Ако во ова има вистина, веројатно ќе одекне уште погласно, но останува времето да покаже на чија страна е вистината.