Викторија и Дејвид Бекам се една од најпопуларните двојки во светот, а сега поранешната „Спајсица“ ја откри тајната на нивниот успешен брак.
– Децата се наш приоритет. Сè што правиме се врти околу нив. И двајцата го сакаме она што го правиме и се цениме едни со други. Среќни сме што растат заедно – им порача Викторија на странските медиуми, објаснувајќи дека со Бекам и се случила љубов на прв поглед. Тие за прв пат се бакнале на јавен паркинг во Лондон.
– Комуникацијата е клучот за успехот, многу разговараме со децата и го сакаме нашето семејство. Нашите родители многу ни помагаат – заклучи популарната Викторија, која откри дека таа и нејзиниот сопруг секој ден си ја делат козметиката – уште една потврда дека Дејвид е метросексуалец кој и тоа како е посветен на негата на својот изглед.
Инаку, Дејвид и Викторија Бекам се венчаа во Ирска во 1999 година и имаат четири деца – Бруклин (19) Ромео (16), Круз (13) и седумгодишата Харпер …