Македонската фолк дива Сузана Гавазова со нова провокација.
Таа периодов работеше на снимањето на спотот за песната „Опасна за око“, која ја изведе заедно со Џамбо Агушев и неговиот оркестар на последниот Фолк фест „Роса 2017“ кон крајот на минатата година.
Сузе умешно ја скокотка јавноста со кусите видеа од снимањето каде изгледа како ангел од „Викторија Сикрет“.
Совршеното тело го стегна во црно танга боди со панделка на задникот, па заврцка и им го помати умот на своите следбеници.
Ако вака изгледа на кусите видеа, може само да претпоставиме какви жешки сцени ќе гледаме кога спотот ќе биде финализиран.