Кога сте дел од јавниот свет и под будното око на јавноста, публиката и обичниот свет се повеќе се заинтеренсирани за приватни детали на јавните личности.
Нашите познати личности пред рефлекторите и камерите секогаш изгледаат средено, носат скапа облека, возат скапи автомобили и живеат во луксузни куќи или станови.
Ако во Белград за елетни населби важат Бежаниска коса, Дедиње, во Скопје дефинитивно ги има повеќе.
Екипата на „Бекстејџ“ открива каде живеат нашите познати личности и во каков луксуз уживаат.
Имено, македонскиот најпознат кошаркар и претседател на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ живее на Водно.
На 500 метро од Перо Антиќ живее и најпознатиот кардиохирург Жан Митрев кој живее на последен спрат од зграда.
На Водно живее и еден од најдобрите рапери на македонската сцена. Марко Маринковиќ Слаткар. Слаткар и неговата сопруга Сања Николиќ живеат во елитен стан во оваа населба.
Домот на Маја и Дарко Панчеви се наоѓа на Водно
Зуица и Наум живеат во нивната куќа во Припор…
Адријан Гаџа живее во својот дом во Злокуќани.
Водителката Лила Филиповска живее во својот стан во Чаир.
Каролина Гочева живее во својот луксузен стан во центарот на Скопје.
Поп дивата Калиопи исто така живее во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала.
Тамара Тодевска со своето семејство живее во стан во близина на трговскиот центар „City Mall“.
Нашите јавни личности некогаш знаат да споделат дел од својот дом и да покажат во каква амбиент живеат.