Радио Милева интернет ја шокирал

Серена Вилијамс од Гугл дознала дека нејзиниот сопруг има дете од претходниот брак

Серена Вилијамс од Гугл дознала дека нејзиниот сопруг има дете од претходниот брак

Тенисерката Серена Вилијамс изјави дека не знаела оти нејзиното некогашно момче, а денес сопругАлексис Оханијан, има дете од претходниот брак.

Тие биле шест месеци во брак, кога Серена се обидела преку Гугл да дознае повеќе за бизнисменот и еден од основачите на сајтот Reddit, па имала што да види. Имено, таа останала вчудовидена кога Интернет пребарувачот ѝ открил дека тој има дете од првиот брак.

Двојката се сврши кон крајот на 2016 година, а ќерката Алескис Олимпија им се роди во септември 2017 година, два месеца по свадбата. Во едно интервју за американските медиуми спортиската откри дека не е едноставно да си во брак со бизнисмен.

 

„Јас сум спортистка, а тој бизнисмен. Ја сум Афроамериканка, тој е белец. Тотално сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини“ – рекла таа и додала дека не верувала оти некогаш ќе се омажи за маж со друга боја на кожата.

„Никогаш порано не би рекла дека ќе се омажам за белец, но тоа само ви покажува дека љубовта не знае за боја и предрасуди. Едноставно, љубовта е таква, само се случува“ – признала Серена.

Моментално таа е фокусирана на тенисот со кој вели дека ќе се занимава до крајот на својот живот.

To top