Брилијантниот српски актер, кој се лекува во Институтот за онкологија, ниту за момент, не покажал слабост или гест со кој што ќе и се предаде на злокобната тешка болест.
Познатиот актер Небојша Глоговац (48), кој минатата недела беше примен во Институтот за онкологија и радиологија на Србија (ИОРС), не потклекнал со духот и покрај најголемата животна борба што ја води.
Вработените во Институтот, како и пациентите кои го делеле одделот со него, велат дека во ниту еден миг актерот не покажал дека се предал.
Изворите велат дека неверување владее и меѓу лекарите и меѓу сестрите кои не можат да сокријат солзи по ходниците, дека токму нему ова му се случува.
Глоговац бил примен во Институтот на 24-ти јануари, а неговата здравствена состојба е многу сериозна.