Промотер

„Некст Тајм“ на нова прошетка низ македонската музичка историја со преработката на „Прошета се Јовка кумановка“ (ВИДЕО)

„Некст Тајм“ на нова прошетка низ македонската музичка историја со преработката на „Прошета се Јовка кумановка“ (ВИДЕО)

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Прошета се Јовка кумановка“.

Вечерта на празникот „11 Октомври“ 2019 година, истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест Денот на македонското востание.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна, која имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво, чиј нов аранжман повторно го потишува Николче Мицевски, а песната е снимена во студиото ХЛ на Дејан Момироски кој стои и зад миксот на песната.

Нејзината филмска визуелизација е во вид на уште еден одличен видеоспот кој одново го режираше Огнен Шапковски, чии се и колорот и монтажата на спотот, додека зад камерата како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а сето тоа под капата на „Мелем продукција“.

Со „Прошета се Јовка кумановка“ близнаците Мартин и Стефан Филиповски ја продолжуваат приказната од нивните последни музички проекти, каде  преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

To top