По изјавата на Марија Кулиќ дека Бојан Томовиќ влегува во „Задруга“ за да ги раздели Миљана Кулиќ и Лазар Чолиќ Зола, Бојан не остана рамнодушен, па вели дека тоа дете е негово.
„Како прво родители на тоа дете сме јас и Миљана, а како второ, не влегувам во ниту едно реално шоу, како трето нема да има свадба, не поради мене, туку затоа што Миљана се уште ме сака и ќе најде изговор да ја откаже свадбата со Зола кој е многу наивен, затоа јавно признав дека сум сигурен дека тоа дете е мое“ вели Томовиќ за „Србија данас“.
Потоа, тој на социјалните мрежи објави дека Миљана мора да абортира бидејќи тој има биполарно растројство и Миљана е психички нестабилна и смета дека нивното дете може да ги наследи тие проблеми.
„И на крајот, ако Миљана се одлучи да го роди тоа дете, детето мора да има убаво муслиманско име како што се Салим или Алма бидејќи јас сега сум од муслиманска вера и се викам Амар“ вели Томовиќ кој инаку се префрли во мулсиманска веросповед и сега се вика Амар Моштрокол.