Радио Милева

Возбудена и насмеана од шестка до шестка: Милена Антовска и Саша Ковачевиќ залепени еден до друг на роденденот на нејзината матична телевизија (фото)

Возбудена и насмеана од шестка до шестка: Милена Антовска и Саша Ковачевиќ залепени еден до друг на роденденот на нејзината матична телевизија (фото)

Во еден скопски хотел, веравечер се случи прославата по повод 21 година роденден на телевизија Канал 5.

Како што е ред, на свеченоста се појавија сите кои се пред и зад камерите, а за атмосферата се погрижија домашни музички имиња, како и едно популарна музичка ѕвезда од регионот – пејачот Саша Ковачевиќ.

Особено присутните дами не одолеаја да се фотографираат со шармантниот српски заводник, а една од нив беше и водителката Милена Антовска Станковска.

фото:фејсбук/татјана стојановска/принтскрин

Таа за оваа прилика се одлучила за провокативен кус црн коктел фустан со длабоко деколте кој го нагласи нејзиниот сексапил.

Со ваквата секси комбинација позираше за спомен ама не пропушти да овековечи една и со Саша.

Така залепени еден до друг, пејачот и водителката позираа и за на социјалните мрежи, а од широката насмевка на Милена се гледа дека и било и повеќе од забавно и возбудливо.

Така свечено дотерани беа речсии сите присутни, но овој пат модно се издвои водителот на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, кој се емитува на Канал 5 телевизија, Мирослав Кацаров.

фото:фејсбук/татјана стојановска/фејсбук

Облечен по послениот есенски моден крик, со карирано сако, маслинесто зелена кошула и кафеава вратовска, споени со џинс, Миро едноставно имаше модна доминација пред останатите, ма за чиста петка!

To top