По љубовната тема „За тебе“ за која Јордан Митев видеото го снимаше во Милано, пејачот го промовира спотот за неговата нова, овој пат родољубива песна насловена „Роден крај“.
Пејачот и овој пат се јавува самиот како комплетен автор (музика, текст и аранжман), а видеото на кое сценарист и режисер е повторно самиот тој, е снимено на неколку локации низ Македонија.
Митев вели дека големиот број ангажмани и гостувања надвор од родната Македонија, го инспирирале да ги прикаже убавините на својата земја, како и нејзината метропола, Скопје.
„најубаво е кога сум дома, во својот роден крај, во својата Македонија“ – вели Митев кому чувствата му проработеле инспирирајќи го да ја напише песната и сними спотот.
Но, работата си е работа, а Митев е многу баран, особено во дијаспората, кај нашите иселеници низ светот, па по медиумската промоција на видеото повторно замина надвор, овој пат на едномесечна турнеја низ Австралија.