Некогашната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска во април се реалзираше во една од најубавите улоги – стана мајка.
Имено, Мартина пред пет месеци на свет донесе ќерка за која го одбра името Алана.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/poraneshnata-voditelka-na-bekstejdz-stana-majka-eve-koe-neobichno-ime-go-odbra-za-kjerkata/
Радосните вести за приновата ги сподели нејзиниот сопруг Виктор Илоски, кој на „Инстаграм стори“ напиша:
„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“ .
Мартина досега не објави целосна фотографија од нејзината ќерка, односно само еднаш објави фотографии од нејзините мали нозе.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/najdobriot-podarok-martina-mihajlovska-ja-objavi-prvata-fotografija-od-kjerkata-foto/
Меѓутоа, Мартина на својот Инстаграм сподели фотографија во бикини покажа како изгледа неколку месеци по породувањето.
Од проложеното може да се забележи дека Михајловска изгледа одлично, а бикинито одлично и прилега на нејзиното тело.
За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен Виктор Илоски запливаа во брачните во октомври претходната година.