Радио Милева

Џастин Бибер и неговата млада секси сопруга се фотографираа само по гаќички (ФОТО+ВИДЕО)

Џастин Бибер и неговата млада секси сопруга се фотографираа само по гаќички (ФОТО+ВИДЕО)

Тинејџерскиот идол Џастин Бибер и неговата сопруга, манекенката Хејли Болдвин-Бибер, ги разбрануваа духовите со фотосесија на која се сликани само по долна облека. Ѕвездената двојка со новата рекламна кампања за Калвин Клајн  ја одбележија 50-годишнината од основањето на модната марка.

Снимките направени за актуелната колекција на брендот го потврдуваат статусот на парот како една од најжешките двојки во светот на шоу-бизнисот. На фотографиите канадскиот изведувач и неговата понежна половина покажуваат страсна љубов еден кон друг.

Фановите на младото семејство Бибер не го кријат своето задоволство од снимките со жешката реклама.

„Џастин и Хејли изгледаат неверојатно секси и  ова е најдобрата реклама!”, се само дел од коментарите на нивните следбеници на Твитер.

Потсетуваме дека 25-годишниот пејачк и шармантната русокоса веќе долго време се познаваат. Сепак, нивната љубовна врска започна пред околу две години. Џастин и Хејл тајно се венчаа во септември минатата година во Њујорк. Пред една недела, парот организираше втора свадба, на која присуствуваа околу 150 нивни роднини и пријатели.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/prvi-fotografii-od-venchavkata-na-hejli-i-dzastin-biber-foto/

To top