Мегафон

„Џез во лозјето“ за крај на гроздоберот

„Џез во лозјето“ за крај на гроздоберот

Оваа среда, на 9ти октомври од 17 до 23 часот, бидете дел од културниот настан „Џез во лозјето“. Со оваа несекојдневна манифестација за прв пат на ваков начин ќе се одбележи крајот на гроздоберот во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкото виногорје.

Гостите ќе можат да уживаат во некои од најквалитетните вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата. Сите вина ќе бидат по специјална цена за настанот, а вино на вечерта ќе биде Каберне Совињон Резерва 2014. Ова вино е направено од грозје од сортата Каберне Совињон од сопственото лозје на Шато Сопот. Комплексно, со полно тело, меки зрели танини и богати овошни вкусови.

Гостите ќе уживаат во џез репертоарот на три џез состави:

Традаванда Квартет во состав Трајче Илиевски на гитара, Давид Скерлевски на клавијатури, Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани. Млади инструменталисти, студенти од катедрата за популарни жанрови при Факултетот за музичка уметност од Скопје кои пукаат од енергија и ентузијазам на сцена. Репертоарот вклучува џез стандарди од свинг и бибоп ерата, звуци од 30-тите и 40-тите години на минатиот век.

Квартетот на извонредниот Оливер Јосифовски, популарниот музичар на контрабас и основач на групата Љубојна. Го придружуваат фантастичната Лина Авшар, позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк-соул-џез стандарди и современа популарна музика, клавијатуристот Филип Димишковски, најдобар млад џез музичар за 2018 година и Александар Џигер Ванчовски на тапани.

Тумбао Салса Бенд со десетчлен состав (Петар Ренџов- гитара, Сенад Усеин – труба, Ставре Ставрев – тапани, Горан Гешовски – бас, Кирил Кузманов – саксофон, Анче Наумовска – вокал, Мартина Христовска – вокал, Дамир Имери – пијано, Сашко Николовски – тромбон, Арсо Јаневски – перкусии). Тумбао Салса Бенд е носител на стилот латинџез кој успешно го имплементира вo традиционалната македонска музика и фолклор.

Временската прогноза за оваа среда предвидува сончево и стабилно време со температура до максимални 23 степени, а вечерта ќе се спушти до 14 степени. Веројатноста за дожд и посилен ветер е многу мала. Времето е добро за Џез во лозјето (во надворешни услови), сепак препорачуваме топла облека. Настанот е на отворено, но достапен е и затворен дел.

Шато Сопот препорачува одговорно конзумирање на вино на настанот и користење на превоз.

Велес – Шато Сопот – Велес
Превозник: Маро турс
Цена на повратен билет: 100 ден.
Поаѓање: 17:00, 18:00 и 19:00 часот пред маркет Жито Ване (попатно застанува Трговски, Ерик и Нама)
Враќање: 22:45, 23:30 и 00:15

Скопје – Шато Сопот – Скопје
Цена на повратен билет: 300 ден.
Поаѓање: 16:45 и 18:30 часот пред Цветен пазар (кај Нова Македонија)
Враќање: 22:45 и 24:00 часот
Резервација на превоз преку порака на https://www.facebook.com/chateausopotmacedonia/

Влезот на „Џез во лозјето“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен!

Резервации на телефон 078 66 33 00.

Настанот е поддржан од Министерство за Култура „Нов културен бран“ 2019 и Винаријата Шато Сопот, а организатор е здружението Базилика.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/926675597707874/

To top