Српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ е се поактивен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, каде редовно реди старо-нови објави.
Имено, пејачката речиси секојдневно пребарува низ старите фото-албуми, а спомените и навираат емоции кои сака да ги сподели со јавноста.
Овој пат, сподели фотографии од себе стари 17 години, поточно од далечната 2002 година.
На едната фотографија е на настап во Бања Лука, а изгледа доста пораскошно, со повеќе килограми, црна коса и секси проѕирен фустан од тантела, додека на другата фотографија доминираат нејзините бујни силиконски гради во бикини.
Овие фотографии се потврда дека годините си го прават своето, независно од сите третмани на убавина.