Џастин Бибер и Хајли Џенер пред една година се венчаа тајно, а сега направија церемонија за своите најблиски пријатели и роднини.
Познатиот пар кажа „да“ пред 154 гости. Пред самата свадба гостите уживале во коктели во дворот на луксузниот хотел.
Како што пренесуваат странските медиуми гостите пристигнале два дена пред свадбата која се одржа претходниот понеделник.
Во текот на вчерашниот ден, Хејли и Џастин ги споделија неколку фотографии од венчавката.
Хејли за овој важен ден се одлучи за романтична венчаница од тантела.
Рамениците се голи, со што се нагласува женственоста и мала доза сексапил, додека ракавите се долги и исто така од тантела.
Додека Џастин се одлучи за црн костум кој е во потпис на „Селин“.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од свадбата.
фото: Принтскрин/инстаграм/џастинбибер/хејлибибер