Ова годинешната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ успеа да ги помести границите на својата музичка кариера.
Имено, со нејзиниот перформанс и изведбата на европската сцена, Тамара доби многу фанови од светот, а некои дури снимаа и кавери за „Proud“.
Иако по нејзиното враќање во Македонија наиде на критики и осудувања бидејќи на прославата на денот на независнота на САД која се одржа во дворот на Американската амбасада, Тамара го испушти делот каде се спомнуваат македонските револуционери.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-na-nastapot-vo-ambasadata-na-sad-gi-izbrisha-ilindencite-od-makedonskata-himna-goce-delchev-dame-gruev-pitu-guli-sandanski-preskoknati-vo-izvedbata-video/
По оваа како што вели таа ненамерна грешка, Тодевска се извини на јавноста истакнувајќи дека понесена од возбудата ја заборавила таа сторфа од химната.
По таа грешка, таа наиде на осудувања и негативни коментари при што мораше да ги откаже своите настапи во Македонија, поточно во Охрид и Прилеп.
Иако порано настапуваше секој викенд, по оваа случка Тодевска паузираше од настапите се до неодамна кога повторно се врати на сцената и настапуваше на „Звуци на чаршијата“.
Меѓутоа, Тамара има закажано настапи и надвор од државата поточно во Мадрид, Данска и Германија.
Во Мадрид настапуваше овој викенд, а ако судиме по објавите на социјалните мрежи може да заклучиме дека си поминала одлично.
Имено, салата каде настапуваше Тодевска беше полна, а сите во глас ја пеејаа нејзината „Proud“.
View this post on Instagram
Освен тоа Тамара искористи време и да прошета по европска метропола.
На една фотографија, македонската пејачка позира во црна комбинација среде улица во Мадрид, а под објавата доби коментар од нејзината сестра: „Браво жено, девојко“ напиша Тијана.
Како ќе си помине Тодевска на концертите во Данска и Германија останува да видиме.