Радио Милева

Од рак на дојка почина ѕвездата од легендарната серија „Династија“

Од рак на дојка почина ѕвездата од легендарната серија „Династија“

Sвездата на серијата „Династија“, Дајен Керол почина на 85-годишна возраст, пренесува BBC. Актерката со години се бореше со сериозна болест, рак на дојка и ја загуби таа битка вчера.

Нејзиниот ПР тим потврди дека Керол починала во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Керол е најмногу запаметена по улогата на Доминик Дверо во култната серија „Династија“, но таа беше многу повеќе од тоа.

фото:профимедиа

Таа беше првата Афроамериканка која ја доби престижната награда „Тони“, како и првата Афроамериканка која доби главна улога во ситком. Таа ја започна својата кариера на 19-годишна возраст во филмот Кармен Џонс, проследена со одлични улоги и номинација за Оскар во 1975 година.

Девро во серијата ја играше полусестрата на главниот лик, Блејк Карингтон. Керол во интервју за серијалот рече: „Сакам да бидам првата црна к*чка на телевизија“.

To top