Поранешниот учесник во „Задруга“, Марко Миљковиќ вели дека со својата девојка Луна Ѓогани најчесто се кара кога таа е гладна.
„Многу е посмирена во надворешниот свет, таму и недостигаа многу работи. Очекував се и сешто кога ќе излеземе и се прашував дали коцките ќе се совпаднат. Таа е супер, функционираме одлично. Се случуваат некогаш проблеми кои брзо ги решаваме. Некогаш јас сум нервозен или таа е во ПМС. Таа кога не јаде и е гладна, таа не е своја. Ако е во ПСМ, имам трпение, ако е гладна одиме да јадеме, добро да се најадеме, па потоа зборуваме“ вели Миљковиќ.
Марко вели дека понекогаш не му се допаѓа како се облекува неговата девојка.
„Онаа комбинација од Македонија ми е ….Го проголтав тоа некако, но не треба да ги поминува границите. Тоа е сценски настап и треба да биде атрактивна на сцената, но има и граници во облекувањето“ вели Марко.
За потсетување, Луна своите први настапи ги имаше во Струмица и Кавадарци на кои пееше на плејбек.