Атрактивниот фитнес модел и фитнес инструкторка Ана Стојанова, секојдневно постира фотографии и видеа за програмата за здрав живот која ја прокламира, ги буди скриените мечти и мами воздишки со своите раскошни телесни атрибути
Со самото тоа што рекламира здрав начин на живот, Ана е и инфлуенсер на социјалните мрежи, па често на своите следбеници им дели совети за здрав начин на исхрана.
View this post on Instagram
Стојанова на социјалните мрежи споделува разни фотографии на кои ги покажува своите атрибути и своето затегнато тело, односно одличниот резултат од тренинзите.
Инаку, Ана уште пред неколку години започна да се занимава со фитнес поради здравствени причини.
Меѓутоа и сега поради здравствени причини македонската фитнес инструкторка мора да направи пауза од фитнес.
Имено, Ана имаша тешка операција на десното колено, а во една операција и се направени неколку зафати.
По тој повод, таа се огласи на социјалните мрежи и напиша:
„Дечки ви спомнав дека имам сериозен проблем со десното колено, утре ќе правам тешка операција, односно 3 зафати наеднаш… Ќе ми бидат потребни од 3 до 6 месеци додека повторно се вратам во теретана, но јас силно верувам дека ќе се вратам побрзо.
..Свесна сум дека ќе излезам од форма. Свесна сум дека моето тело ни најмалку нема да изгледа исто. Свесна сум и спремна за се она што следи. Ги имам програмите и знам дека ќе се вратам побрзо од што мислам. Ќе бидам уште едно медицинско чудо. Ветувам.
Кога ветувам јавно, си зимам голема одговорност и да го исполнам тоа. ДЕВОЈКИ! Не е крај, почнуваме заедно, почнуваме од нула. ЌЕ УСПЕЕМЕ!“ напиша Стојанова.
На сексапилната фитнес инструкторка и беше направена операцијата вчера, а таа пред операцијата се пофали во каква соба лежи и го покажа погледот од болничката соба.
Откако заврши и излезе од операционата сала, таа повторно се огласи на социјланите мрежи и ги извести нејзините фанови за здравствената состојба.
„Дечки само да ви кажам дека операцијата е успешна. Траеше 3часа, испаднаа 4 зафати наеднаш. Ви благодарам на сите на поддршката. Добив многу пораки, ви благодарам“ се обрати Ана.
Веруваме дека Стојанова ќе продолжи со борбата и да ги мотивира оние кои ја следат и на кои им е инспирација.