Оваа година Македонија на „Евровизија“ ја претставуваше Тамара Тодевска со песната „Proud“.
Со нејзиниот перформанс и вокални способности, Тамара не направи горди односно го оствари најдобриот успех, поточно го освои првото место од жирито и седмото место од публиката.
Коментарите за песната на Тамара беа одлични, а многумина нејзини колешки и колеги од регионот навиваа за неа истканувајќи дека е морален победник.
Во тој период нејзина најголема поддршка беше нејзиното семејство, но и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која од Белград ја бодреше својата сестра.
И самата Дапчевиќ има учествувано на Евровизија, па знае какво е чувството и колку голема е одговорноста.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jas-sum-mnogu-gorda-prvi-impresii-na-tamara-todevska-po-vlez-vo-finale-na-evrovizija-video/
Деновиве, Тијана имаше слободно време, па одговараше на прашањата на следбениците на „Инстаграм“, а меѓу нив имаше и прашања за „Евровизија“.
„Дали би одела на Евровизија повторно во 2020?“ , а Дапчевиќ кратко и јасно одговори „Не“.
Меѓутоа, ја прашаа дали и Тамара би одела повторно на Евровизија во 2020 година, а Дапчевиќ ја замоли својата сестра да одговори на прашањето.
„Не благодарам, доста е за овој живот за Евровизија“ одговори пејачката.
Инаку, Македонија го потврди своето учество на Евровизија 2020 година кое ќе се одржи во Ротердам, Холандија.
МРТ се’ уште го нема објавено начинот на кој ќе го избере евровизискиот претставник за Евросонг 2020. Во изминативе неколку години тој се избираше по пат интерен избор во МРТ.
Според извори од музичките кулоари, неофицијално во игра, односно во најтесен избор за наш следен евровизиски претставник се: Сара Мејс, Лозано, Антониа Гиговска… и уште едно-две имиња од македонската естрада.