Радио Милева Време за промени

Елена Ристеска го смени имиџот, а фановите и порачаа: „Немој да го правиш тоа повторно!“ (фото)

Елена Ристеска го смени имиџот, а фановите и порачаа: „Немој да го правиш тоа повторно!“ (фото)

И птиците на гранките веќе знаат дека во љубовниот живот на пејачката Елена Ристеска дојде пролет.

Откако се појави информацијата во медиумите дека има ново момче, таа реши да ги разреши дилемите, да потврди дека и така и да продолжи да си ужива во она што и го носи животот.

Со такви убави и позитивни промени од кои пеперутки летаат во стомакт, секој ден е како создаден за насмевки и моменти кои го полант срцето, а кога е така, адаптација и не е потребна.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tolku-od-krienjeto-na-novata-ljubov-elena-risteska-i-momcheto-vo-domashen-ambient-a-taa-go-narche-svoj-asistent-foto/

За Елена се потврдува и она непишаното правило дека кога на жените им се случува нешто ново, тогаш ја менуваат фризурата, а Елена со таква крупна промена, мораше да направи нешто по тоа прашање.

фото:инстаграм/елена ристеска

Имено, таа на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека го сменила имиџот и ја обоила косата црна, каква што најдолг период ја носеше.

Изминатото лето беше во некоја посветла нијанса на бринета со руси прамени ама фановите и порачаа тоа никогаш повеќе да не го повтори.

фото:инстаграм/елена ристеска

Сугестијата заесга е прифатена и применета, а Елена како и секогаш изгледа одлично, независно дали е црнка, бринета или русокаса, па нели на убав човек се му стои?!

To top