Неодамна својот прв настап во земјава го имаше регионалната поп ѕвезда Сара Јо, која освен што ја воодушеви публиката со изведбата на своите хитови, направи и нешто што од неа никој не го очекуваше – се потруди првото гостување да биде незаборавно за сите.
Освен провокативна модна комбинација, изнуди овации од публиката со тоа што реши дел од своите песни да ги преведе и отпее на македонски. Така, хитот „Без сна“ доби нова верзија.
Во рамки на огненото крштевање во земјава Сара Јо гостуваше во Штип и Кавадарци, каде настапи со поддршка на диџеј Панчо од ДНК.
Заради огромен интерес и барање на скопската публика го закажа и првиот солистички концерт во главниот град. Концертот кој ќе се одржи во Скопје во организација на Sure Shotz Entertainment, а деталите ќе бидат откриени наскоро. Во меѓувреме веќе најавено е и гостувањето во еден познат ноќен клуб во Струмица.
„Реакциите на публиката ме оставија без зборови. Среќна сум што мојата музика се слуша ширум регионот и што имам можност да настапувам секаде. Јас сум најсреќна кога сум на сцената, кога имам директен контакт со публиката. Сакам што поскоро да се вратам во Македонија“ – вели Сара, чија желба наскоро и ќе се оствари и тоа со голем солистички концерт.