Радио Милева

Папарацо: Катарина Ивановска во опуштено издание на прошетка со ќерката во Скопје – вака изгледа по породувањето (фото)

Папарацо: Катарина Ивановска во опуштено издание на прошетка со ќерката во Скопје – вака изгледа по породувањето (фото)

Македонскиот модел Катарина Ивановска пред повеќе од една недела се породи и по вторпат се реализира во улогата на мајка.

Имено, Катарина и нејзиниот сопруг Цобе станаа родители на нивната ќерка за која го одбраа името Кира.

Една од подобрите пријателки на Кате, Тамара Тодевска прва ги обзнани вестите дека моделот стана мајка, а веднаш по породувањето беше организирана и прослава на која задолжена  за атмосферата беше Тодевска.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/se-porodi-katarina-ivanovska/

Ивановска на социјалните мрежи ја сподели и првата фотографија од Кира, односно од нејзините мали нозе.

фото: Принтскрин/инстаграм/катаринаивановска

Катарина во текот на целата бременост беше активна, но и активна е веднаш по породувањето. Имено, успеваме да ја фотографираме Ивановска како во опуштено и лежерно издание се шета низ центарот на Скопје, односно ја шета ќерка Кира.

Во краток шорц, кошула и без шминка, Ивановска заедно со ќерката Кира излезе на прва прошетка , а моделот ретко може да ја видиме во вакво издание.

Ако судиме по фотографиите, Ивановска изгледа одлично и е во одлична форма по породувањето, но во една прилика таа истакна дека не се здебелила многу во текот на бременоста. Таа ја откри и тајната за нејзината витка линија односно откри дека има брз метаболизам, не јади грицки меѓу оброците и дека физички е активна.

За потсетување, Катарина и Цобе веќе го имаат и синот Вања.

To top