Радио Милева Се пушти во акција

Тара сама си го бара: Спејко само што влезе во „Задруга“ веќе имаше влажна ноќ во кревет (видео)

Тара сама си го бара: Спејко само што влезе во „Задруга“ веќе имаше влажна ноќ во кревет (видео)

Во третата сезона на реалното шоу „Задруга“ единствениот учесник од Македонија е кумановецот Дарко Петковски-Спејко кој на „задругарите“ им се приклучи изминатата сабота.

Како искусен во ваквите формати на реални шоуа, Дарко веднаш се покажа дека умее добро да се забавува особено навечер – во кревет.

Тој уште на старт им „фрли око“ на неколку учеснички ама во неговиот кревет не заврши ниту една од нив, туку Тара Симов која му го фрли меракот на нашиот Спејко.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга

Како што е по традиција во „Задруга“, ретко чиј кревет останува празен и неизгужван, па така и на Спејко.

Откако Тара најпрвин го прошета по имотот и му раскажа за се што се случува таму, не и требаше многу за да го покани да спијат заедно.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга

Па така, откако добро се забавуваа, Спејко и Тара завршија заедно во кревет, а по многу галење, мазење и гушкање, засега завршија замо со бакнеж.

Ако почнаа вака, можеме само да замислиме што ќе се случува понатаму.

фото:принтскрин/јутјуб/задруга

За потсетување, Дарко Спејко и додека учествуваше во „Големиот брат“ каде победи, тој беше во врска со учесничката Тина Шегетин, врска која заврши нешто подоцна по крајот на шоуто.

Тара Симов пак, во „Задруга“ е од самиот почеток, а попозната е по скандалот со Анѓела Вештица која ја претепа поради статус на социјалните мрежи, а завршија и на суд.

Јасно е како бел ден дека на Дарко има добро смислена стратегија како да го привлече вниманието на гледачите, само овој пат уште на старт, со многу побурно и инстантно пуштање во акција.

https://www.youtube.com/watch?v=qwe1iBJuiI4&t=373s&fbclid=IwAR0uekm3uQY4po6pFcAI5qQxI0M1pmmhNrlMlZFatBulh1pux3QkCxzXT2o

To top