Веќе неколку години поранешната мекедонска пејачка Ноне Неделковска (33) работи на брод, а овој работен ангажан не и досади, па се уште патува низ светот по морски пат.
Ангажманите и работата и овозможуваат на Ноне да посети некои егзотични места, а нејзините фотографии на социјалните мрежи наликуваат на разлгедници.
Летниот период Ноне го искористи за да се врати во родниот крај и поужива во убавините на Македонија. Имено, луксузните и скапи дестинации од некое место во светот ги замени за релаксација во пределите на родниот крај.
Освен што се одмори, Ноне го прослави и својот 33 роденден.
По паузата и одморот, дојде време Ноне повторно да ги спакува куферите и да се врати на својата работа и своите активности, а овој пат правец беше Палма де Мајорка, Шпанија.
Ноне во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од пасош и ги извести нејзините следбеници дека тргнува на ова дестинација.
Меѓутоа не е се така совршено, па пејачката доби непријатност , а како што се истакна ова не и се случува прв пат. Ноне сподели дека на аеродром и го загубиле багажот, па така Ноне остана без спакуваниот куфер кој го носеше од Велес.
„Ништо ново, пак ми го загубија багажот, по навика“ напиша пејачката.
Веруваме дека пејачката се пожалила до одредените служби, па куферот ќе и биде најден и вратен. Тоа не успеа да ја изневрира Ноне за да се снајде и да ужива во патувањето, односно од целата ситуација извлече нешто позитивно и се пошегува.
„Не ми треба багаж кога имам палми“ напиша македонското девојче на социјалните мрежи.
За потсетување, пред некое време во медиумите се пишуваше дека Ноне е во нова љубовна врска со Урош Терзија.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dosta-beshe-krienje-ova-e-novoto-momche-na-none-nedelkovska-foto/