Младата ТВ водителка Анастасија Деа Богдановска за доста кратко време успеа да се наметне како една од најмаркантните млади водителки.
По извесно време во утринската програма на Канал 5 телевизија, Деа се пресели на нова адреса, односно доби ангажман во новата емисија насловена „Фронт“ , каде секој работен ден е во комуникација со гледачите на различни социјални теми.
Анастасија одлично се снајде во утринската, а исто така и на „фронтот“, со што докажа дека работата пред камери е како создадена за неа.
Токму поради фактот што од не многу одамна е телевизиска личност, за неа не се знае многу.
Неодамна на нејзиниот профил на Фејсбук остана фотографија каде Деа е во македонска народна носија како селска мома.
Фотографијата беше само евоцирање на спомените од минатото, а пак нејзините следбеници можеа да ја видат во едно поинакво издание од она какво ја гледаат секојдневно на телевизија.
Овој пат наместо дама која блеска со својот шарм и префинетост, ја гледате во носија како вистинско македонско девојче.