Адел (31) од својот сопруг Сајмон се разведе во април оваа година, а сега ужива во љубов со раперот Скепта од Тотенема.
Како што пишуваат медиумите парот заедно излегуваат во Лондон не криејќи ја својата љубов.
„Адел и Скепта по раскинувањето на нивните врски поминуваа многу време заедно. Во меѓувреме се врзеа еден за друг и делат многу заеднички интереси. Бидејќи поминуваат повеќе време заедно и се пријатели се претпоставува дека ќе бидат и одличен пар“ вели извор за „The Sun“.
Нивното пријателство трае долго време, па така Скепта во 2016 година изјави: „Адел често ми праќа пораки и ме известува за се“.
Потоа Адел објави заедничка фотографија, а во описот напиша:
„Момчето од Тотенема “ и додаде срце, а раперот и одговори: „Те сакам“.
Дали меѓу нив се раѓа љубов или станува збор за пријателство ќе покаже времето.