Младата 30 годишна турска актерка Нилпери Шахинка ја паметиме од улогата на лицемерната Шејма во „Сезона на црешите“, а и од пред неколку години кога ја гледавме и во серијата „Бурни времиња“.
Денес Нилпери физички и не е многу промената, но она на кое не и се рамнодушни колешките и фановите на турскиот актер Бариш Ардуч попознат како Омер од „Изнајмена љубов“, е тоа што таа доби улога во серијата „Кузгун“ каде тој го игра главниот лик.
Иако оваа турска крими-драма е доста нова и финализирана пред само неколку месеци, истата има огромна слава.
Турската „Стар Тв“ секоја среда започна да ја емитува втората сезона во која се појавува и црвенокосата Нилпери.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-licemernata-shejma-od-sezona-na-creshite-glumeshe-i-vo-burni-vreminja-a-beshe-i-striptizeta/
Откако беше објавен тизерот во кој Нилпери и Ардуч се бакнуваат, многумина обожавателки на актерот реагираа дека Нилпери е среќничка, но имаше и такви кои коментираат дека таа не заслужува да игра рамо до рaмо со него.
Инаку, обожавателите на модерните и современи турски серии можат да ја погледнат оваа ултра популарна драма и на Јутјуб каде веќе ја има со превод на српски јазик.