Мегафон концерт

Најсексапилната пијанистка на светот Лола Астанова на 9-ти ноември во Скопје

Најсексапилната пијанистка на светот Лола Астанова на 9-ти ноември во Скопје

Новата сензација на светската музичка сцена Лола Астанова ќе завладее на сцената во Македонска гилхармонија на 9 ноември (сабота), заедно со гудачки камерен оркестар од 8 музичари. Домашната публика ќе има уникатна можност за прв пат да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис, па дури и Американскиот Претседател Доналд Трамп. 34-годишната Лола Астанова е родена во Узбекистан, а од 2003 година живее во САД.

Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се “ Don’t Stop the Music” од Ријана, “ We are the Champions” na Quinn и “Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиниот добар пријател Стјепан Хаусер од „2 Cellos“.

Со повеќе од 100 милиони прегледи на Instagram минатата година, Лола Астанова стана најпопуларниот пијанист во светот, генерирајќи бројки кои се без преседан за класична музика.

Последните години Астанова свири со филхармониите на Јаhја Ling – музички директор и диригент на симфониски оркестар во Сан Диего, камерниот оркестар на Свети Лука во центарот за изведувачки уметности Линколн во Њујорк, Кливландскиот оркестар, а соработувала со диригенти како Eduardo Marturet , Ramon Tebar, Gerard Schwarz. Изведбата “Rhapsody in Blue“ на Gershwin со Gerard Schwarz и учеството на Лола беше вклучено во посебнo телевизиско шоу “All Star Orchestra“ во Њујорк, каде што заслужено доби награда “Еми” за 2016 година.

Феноменалниот концерт во Teatro del Silenzio на атрактивната пијанистка со италијанскиот тенор Андреа Бочели, во срцето на Тоскана во 2017, кој собра под отворено небо повеќе од 12,000 гледачи од целиот свет, е опишан како еден од ремек-делата на класичната музичка сцена.


Концертот на брилијантната пијанистка Лола Aстанова, која ќе гостува кај нас за прв пат, ќе биде одржан на 9 ноември во Македонска Филхармонија со почеток во 21:00 часот. Билетите за настанот може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и Розе Веро 2.

To top