Фунда Еригит, или сексапилната и бунтовна црнокоса која ја запознавме како Еда во турската серија „Мојот син“, иако се појави кон средината на сезоната, за брзо време застана во фокусот од сценариото.
Фунда има 33 години и е родена во Холандија, а образованието по драма и правни науки го завршува во Истанбул.
Во својата актерска кариера беше номинирана и за најдобра актерка на 17-то издание на „ Afife Theater Awards“, додека во 2016 година го започнува снимањето на улогата на Eдa во серијата „Мојот син“.
Сепак , следната година на 18-то издание на споменатата филмска манифестација, Фунда ја зема наградата за најдобра актерка во категоријата музика-комедија.
Во продолжение погледнете ја оваа атрактивна турска актерка во едно поинакво и уште пожестоко издание: