Радио Милева прва на листата за во парламент

Александра Буковчан како Чичолина: Бивша хрватска порно актерка влегува во политиката (ФОТО)

Александра Буковчан како Чичолина: Бивша хрватска порно актерка влегува во политиката (ФОТО)

Хрватската порно глумица Алекса Вајлд, чие вистинско име е Александра Буковчан, ја остава зад себе кариерата во филмовите за возрасни за да и се посвети на политиката, пренесува , пренесува ТВ Пресинг, велејќи дека дамата влегува во партијата Алијанса за промени .

Александра за хрватските медиуми ги открива нејзините желби дека сака да се реализира на политички план.

„Би сакала да видам конкретни промени, а тие може да се наметнат само на национално ниво. Нема да бидам лажно скромна, мојата амбиција е да бидам кандидат како прв на списокот за изборна единица два, значи, во парламентот на Хрватска“ – вели Александра, која не гледа зошто нејзиното минато би застанало на нејзиниот пат да го оствари тоа.

Таа смета дека нејзината поранешна професија, за која вели дека уживала додека ја работела, ако е причина зошто медиумите ја следат, тогаш и е многу мило заради тоа.

„Интересот на јавноста за порнографијата е голем. На самиот почеток кога имав настапи по телевизиите јавно говорев за тоа, отворено и без задршка одговарав на прашањата кои ја интересираа јавноста, а кои без причина се сметаа за табу“ – вели Буковчан.

Поголема корист од неа и нејзината популарност, објаснува таа, имаат партиите. Како ќе го искористи тој потенцијал зависи, вели, од нејзиниот однос кон медиумите и секако со јавноста.

„Политичката партија може од мене да има корист, не јас од неа. Реално гледано, за личен став за одреден проблем, макар бил и радикален, јас можам да бидам само добитна за политичката сцена. На мене ќе гледаат поинаку и ќе бидам во состојба да допрам до луѓето кои се пасивизирани заради „епидемијата“ од политичките елити“ – уверерува Александра.

 

 

 

To top