На почетокот на месецот започна третата сезона на реалното шоу „Задруга 3“, а како што беше најавено во шоуто ќе влезе и некогашниот победник на „Големиот брат“, кумановецот Дарко Спејко.
Меѓутоа, Дарко досега се уште нема влезено во реалното шоу. За вечерва се најавува влегување на уште два задругари. Бидејќи Спејко на социјалните мрежи објави дека остануваат уште 23ч да се исполни нешто, српските медиуми пишуваат дека тој е следниот што ќе влезе во Задруга.
Пред два дена, Тара Симов истакна дека го чува Спејко за себе и дека си го резервирала уште кога бил во „Големиот брат“.
За потсетување, во втората сезона на „Задруга“, исто така имаше македонска учесничка односно македонската блогерка и модел Елеонора Миљковиќ.
Дали Спејко вечерва ќе влезе во Задруга и како ќе се снајде во шоуто, дали можеби повторно ќе победи, останува да видиме.