Славната актерка Селион Дион многумина ја критикваат поради анорексичноста.
Иако досега таа не се огласуваше на таквите коментари, сепак сега одлучи да стави крај на таквите прозивки.
Во разговор за „Entertainment tonight“ , Селин проговори за прозивките и им порача на хејтерите дека таа знае што е најдобро за неа и дека отсекогаш била слаба бидејќи тренира, танцува балет и здраво се храни.
Таа додаде дека верува дека прозивките се почести бидејќи со текот на годините е се послаба во лицето, а вели дека тоа е најнормална појава и кај жените кои не се слаби како неа.
Таа исто така потенцираше дека на сцената е од својата 12 година и дека е нормално нејзиниот изглед драстично да се променил. Токму поради тоа не обраќа внимание на критиките и прозивките, па остана на нејзиниот менаџмент да ги решава.