Дарко Лазиќ сè уште се опоравува од сообраќајната несреќа што ја доживеа лани. Пејачот успеа да го промени својот живот од корен во минатата година: Се разведе од Ана Севиќ, доби син со својата нова партнерка Марина, но во никој случај не успева да јанамали тежината и да се ослободи од главниот порок – алкохолот.
„Не можам да ветам за алкохолот, но ќе ослабам до концертот. Нема да ме препознаете. Подготвувам спектакл“ – вели Дарко, кој вчера ја започна кампањата за големиот концерт што ќе се одржи во „Сава центар“ на 29 октомври, и додава:
„Ништо не јадам, ама малку се движам, а последниве денови ме убива промената на времето. Телесната тежина се намалува, и тоа допрва ќе се забележи на мене. Секогаш кога држев диети, се дебелеев. Сега ќе ми помогне многу што не пијам колку што пијев порано“ – тврди лазиќ и продолжува:
„Но, сакам да разјаснам нешто. Имам два пороци – мотори и алкохол. Не можам да ги лажам луѓето и да кажам дека нема да пијам повеќе. Секако дека ќе пијам. Ќе се роди второ, трето дете и како да не пијам? Не можам да не пијам! Никогаш не сум бил наркоман. Се чувствувам подобро од кога и да било,откако не земам кока. Дали требаше да кажам дека не го правев тоа? Не! Јас го правев. Самиот сум си виновен за тоа. Никогаш не реков дека тоа е добро и не им го препорачувам на другите“ – резимира Дарко кој ги почна подготовките за големиот белградски концерт.